Доделена “6-то Ноемвриската” награда и општински признанија за 2020 година
Во холот на СОУ “Гоце Делчев” Валандово, со почеток во 19:00 часот, беше организирана гала вечер, по повод “6 Ноември”- Денот на ослободувањето на општина Валандово. На настанот се доделија највисоката општинска награда “6 Ноември” и овогодинешните “6-то Ноемвриски” признанија за постигнати резултати.
“6-то Ноевриската” награда оваа година, Советот на општина Валандово ја додели на гинекологот, д-р Димитар Ѓетов.
Д-р Димитар Ѓетов е единствениот матичен гинеколог во општината и опслужува околу 12 илјади жители, во едно породилиште заедно со пет акушерки. Д-р Димитар Ѓетов, има над 6.500 пациентки, од регионот и посветено и одговорно ја работи оваа благородна работа. Заслужен е за илјадници успешни интервенции во нашата општина и за огромен број најсреќни моменти на нашите сограѓани. Наградата “6 Ноември”, ќе му се додели за долгогодишно професионално работење во областа на медицината и постигнати врвни резултати во професијата.
Општински признанија годинава беа доделени на:
- Матичните лекари од
општина Валандово, - Здравствен дом – Валандово,
- Каме Ѓоргиевски од ЈП “Комунален Сервис”- Валандово,
- Ѓорги Илиев, Али Алилов, Булент Шабанов, Митко Ристов, Глигор Гогов и Вангел Киров,
- Усеин Усеинов од Башибос,
- Ризов Мартин од Валандово,
- Марија Гугуљанова и Пепи Гугуљанов, и
- ЗСК “Југоисток”.
На свечениот настан, мал џез концерт одржа Пенче Кралев со неговиот бенд. Организацијата беше според пропишаните протоколи и препорачани мерки, за ефикасно справување со пандемијата од Covid-19.
Извор: О. Валандово