Партерно ќе се уредува просторот околу новата црква во централното градско подрачје во Валандово

Општина Валандово ја отпочна процедурата за партерно уредување на просторот околу новиот верски објект во централното градско подрачје во Валандово.

На просторот од 400м2 ќе бидат изгадени патеки од бекатон плочки, ќе бидат поставени клупи за седење, урбана опрема, како и типска фонтана за пиење вода, а засадени ќе бидат и 32 дрвја.

Работите би требало да отпочнат за неколку недели, а ќе финишираат за околу два месеца.

Фото: Гевгелиско архиерејско намесништво

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.