Од денес во кругот на Здравствен дом – Валандово пуштен е во употреба пункт за тестирање на Ковид-19.
За почеток на пациентите им се достапни 10 термини дневно, но, бројката ќе се менува во зависност од епидемиолошката слика и капацитетите за лабораториска дијагноза, вели директорот на Здравствен дом, Роберт Марков.
Во пунктот, кој во рекордно време беше подготвен за обавување на својата дејност, ќе се врши тестирање на Ковид-19 со употреба на брзи „PCR“ тестови, кои за пациентите ќе бидат бесплатни.
Упат за тестирање и понатаму ќе издаваат матичните лекари, согласно термините за тестирање достапни преку системот „Мој термин” и алгоритамот за тесторање со брзи тестови.
Во Здравствен дом – Валандово направена е и просторија за пациенти болни од Ковид со полесна клиничка слика, кои примаат терапија (инфузија) препишана од инфектолог – специјалист, без притоа да има потреба да патуваат надвор од општината.