Името „Занов” од самите почетоци е синоним за раскош, елеганција и речиси колосално ниво на софистицираност и префинетост, а секоја колекција позитивно изненадување за следбениците на неговата работа.
Колекцијата „Femme”, есен-зима 2020, во никој сегмент не излегува од сликата за совршената жена на Мите Занов, дизајнерот позади брендот „Занов”.
Напротив, “Femme” е можеби и најавтентичната колекција на „Занов” кој и овојпат не потфрли да ги изненади фановите на неговата работа.
Новата колекција, која открива сосема нова димензија на зрелост и смелост во мајсторството на валандовскиот дизајнер, е составена од елегантни и софистицирани есенски и зимски парчиња, сепак, стилизирани да го истакнат „фрикот” во вас.