Бројката на активни случаи на Ковид-19 во Валандово надмина 50 и забрзано расте

И во Валандово состојбата со Ковид-19 станува алармантна. Според извештајот на Министерството за здравство, во последните 24 часа регистрирани се високи 11 нови случаи на болеста, а бројката на пациенти со активна зараза надмина 50 за само неколку дена.

Бројката од 11 новозаболени во едно деноноќие е највисока по периодот од вториот бран во ноември, кога беа забележани до 12 новоинфицирани пациенти во еден ден.

Од општината не информираа дека засега не е планирана седница на кризниот штаб по однос на се полошата епидемиолошка слика. Последната седница на тимот кој ја управува епидемијата во нашата општина беше одржана во октомври, минатата година.

Засега бројката на починати од Ковид-19 во нашата општина останува непроменета, т.е. 9, што претставува смртност нешто поголема од 2% во однос на бројот на заразени досега.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.