Општина Валандово остварила над 14 милиони денари повеќе приходи и 27 милиони денари повеќе расходи во првиот квартал во споредба со лани

Во првиот квартал годинава, Општина Валандово реализирала дури 26,48% од планираните приходи, кумулативно, што во денари изнесува 69.162.178.

Ова претставува зголемување на приходите од нешто повеќе од 14 милиони денари споредено со истиот период од минатата година.

Значително зголемување има и во реализираните расходи кои годинава бележат раст од 27 милиони денари, што претставува позитива од речиси 60% во споредба со ланските 46.439.518 денари.

Процентот на реализација на расходите во првиот квартал кумулативно изнесува 28,10%.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.