Градоначалникот Перо Костадинов е избран за нов член на ЦО на СДСМ

На денешниот 26. Конгрес на СДСМ, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов е избран за нов член на ЦО на СДСМ.

Од 120 нови членови кои се очекува да бидат избрани во Централниот одбор, претседателот на партијата Зоран Заев изјави дека 60 се жени и 60 мажи.

Со големо мнозинство, делегатите на Конгресот го изгласа и предлогот Лукаревска да биде втор заменик-претседател на партијата, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција од 2013. година.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.