8 новозаразени и уште една жртва на Ковид-19 во Валандово. Втора за само 48 часа.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, на територијата на општина Валандово во изминатото деноноќие регистрирани се 8 нови случаи на Ковид-19 и едно лице на 43-годишна возраст, кое починало како последица од компликации од болеста.

Ова е втора жртва на опасниот вирус на територијата на нашата општина за само 48 часа.

Во последните 24 часа регистрирани се и три оздравени пациенти со што бројката на активни случаи се искачи на 28.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.