Во изминатата седмица бројот на починати од Ковид-19 на територијата на општина Валандово се искачи за речиси 19%, од 22 на 26.
Според статистиката на ИЈЗ, во Валандовско во последните 24 часа регистриран е уште еден пациент кој ја изгубил битката со новиот коронавирус, уште 4 се тестирани како позитивни на истиот, додека едно лице оздравело.
Бројката на активни случаи во моментов изнесува 33.