Од почетокот на четвртиот епидемиолошки бран во општина Валандово, направени се вкупно 144 тестирања со брзи антигенски тестови, позитивни на Ковид-19 биле вкупно 60 пациенти.
Од нив нема ниту еден смртен случај на заболен од Ковид-19, а кој бил вакциниран со две дози.
Само 10 пациенти се целосно вакцинирани, односно имаат примено две дози од вакцината и поминати 14 дена од примањето на втората доза, a се позитивни на вирусот.
Само еден пациент кој е целосно вакциниран е хоспитализиран и се наоѓа во болничка установа.
Останатите кои се позитивни и целосно вакцинирани болеста ја имаат поминато лесно налик на настинка.
Сите пријавени смртни случаеви досега на пациенти заболени од Ковид-19 во општина Валандово немале примено ниту една доза вакцина.
Овие статистички податоци за општина Валандово се вклопуваат и со државната статистика која ја води Министерството за Здравство.
Анализата и бројките покажуваат дека вакцините се ефикасни и ефективни во борбата против вирусот, и дека само со што поголем број вакцинирани граѓани ќе ја победиме пандемијата, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Валандово.