Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство треба да обесштети над 16.000 земјоделци кои беа погодени од минатогодишните доцни пролетни мразови, кои направија огромна штета на овошните и лозовите насади, како и на останатите култури, а во дел од државата и воопшто немаа род.
На средба со земјоделците од источна Македонија, министерот Љупчо Николовски соопшти дека исплатата ќе се изврши наскоро. Истата е задоцнета поради обемноста на постапката која требало да ја завршат сите институции.
При посетата, Министерот појасни и дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.
Денес, Владата на седница ќе донесе одлука за износот на процентот на обесштетување, а веднаш потоа ќе биде реализирана и исплатата.