Дополнителни 33 илјади евра за стационарите за кучиња – скитници ќе се бараат и од УНДП

Советот за развој на Југоисточниот плански регион денес во Гевгелија ја одржа својата шеста седница, на која се расправаше за неколку предлог одлуки за аплицирање на ЈИПР по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Исто така, на дневен ред се најде и Предлог-Одлуката за селекција и аплицирање на ЈИПР по Грантовата шема од УНДП-проектот „Подобрување на општинското владеење“, која ја презентираше амбасадорката и постојана претставничка на Канцеларијата на ООН во Република Македонија, Лијза Винтон.

Југоисточниот плански регион за оваа Грантова шема ќе аплицира со проектот за уредување и набавка на потребната опрема на двете прифатилишта за бездомни животни во Гевгелија и Струмица, кои ќе се финансираат од Бирото за рурален развој на РМ и од сопствено учество на општините. Како што беше речено за прифатилиштата да ја играат својата одлука, неопходна е соодветна опрема за заловување на бездомните животни, оптимални услови за транспорт, сместување, пружење на нега и интервенции. Затоа и мнозинството градоначалници – членови на Советот за развој на ЈИПР гласаа со овој проект да се аплицира за Грантовата шема на УНДП, кој на секој регион во земјата за предложениот проект ќе им додели 33.000 евра.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.