Граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација во 34 одделенија на УИПР

Граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште во 34 одделенија на Управата за имотно-правни работи низ Македонија. Канцелариите за прием на барањата се отворени секој работен ден од 7:30 до 16:30 часот. Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Граѓаните на општина Валандово барањата можат да ги поднесуваат во одделението за управна постапка, кое се наоѓа на ул.„4-ти јули“ бб (тел. 034 382 285 и 034 383 020), каде што се добива формулар, односно барање, кое се пополнува и предава на вработен во одделението.

Документите кои се потребни за поднесување на барањето се доказот за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица. Исто така, треба да се приложи и документ за правниот основ, односно актот врз чија основа е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго). А се доставуваат и податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга, како имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Со неодамнешните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување барање за приватизација на земјиште.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password