Како резултат на зачестените алармирања од страна на жителите од населеното место Грчиште, кои претпреле штети од врнежите од град, Општина Валандово упатува апел до нив, најдоцна до 30-ти јули (понеделник) да достават во просториите на општинската архива пополнето барање за проценка на штетата, имотен лист, копии од трансакциска сметка и лична карта.
Претходно, како што соопштија од општината, на жителите на ова место им биле дадени формулари за барања за проценка на штета од елементарни непогоди.
Согласно законот, барањата ќе бидат разгледани и ќе биде извршен увид на состојбите на терен, од страна на формираната општинска Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Откако Комисијата ќе ги процени штетите и откако ќе го изготви извештајот, истиот ќе биде разгледан и на Седница на совет на општина Валандово, а потоа и доставен до Владата на Р.М со цел отштета на земјоделците.