Годинава за првпат во Јосифово ќе се одвиваат повеќе културни случувања, како дел од „Јосифовско културно лето 2018-та“. Културната програма изобилува со повеќе настани за сечиј вкус. Вечерва свој настап ќе имаат младите игроорци од КУД „Младост“ од Јосифово. Дел од програмата е и настапот на Стојанче Давитковски – етно пејач од Битола. Освен нив ќе настапи и ритмичката група „Ритам Плус“ од Валандово, а ќе има и поетско читање.
Како дел од многуте културни случувања ова лето во Јосифово е и традиционалниот, меморијален рок-концерт „Цале“ кој ќе се одржи на 23-ти август, а за првпат оваа година ќе се одржи и „Јосифово Summer Fest“. Овој фестивал ќе трае два дена, на 24-ти и 25-ти август на кој ќе настапат повеќе музичари, меѓу кои и Јелена Розга.
На 27-ми август пак, пред големиот празник на селото – Успение на Пресвета Богородица, свој настап ќе имаат културно уметнички друштва од соседните земји, заедно со домаќините КУД „Младост“ од Јосифово.