Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за прибирање понуди за изготвување на проектна документација за нов пат од Струмица, преку Валандово со спој со автопатот А1 – „Пријателство“.
Од огласот може да се забележи дека станува збор за експресен пат, кој ќе го сочинува делница од Струмица до пред село Костурино каде е предвидено да се изгради обиколка на селото. Патот потоа продолжува до село Раброво, каде повторно е планирано да се изгради обиколница на Валандово со сите потребни врски до градот. Оттука експресниот пат треба да се поврза со новата делница од автопатот А1.

Периодот за изработка на планската документација е 22 месеци.