На 16-ти септември, недела, со почеток во 17.00 часот во Валандово ќе се одржи третата по ред „Штафета на еднаквоста“. Штафетата во Валандово се организира по претходно успешно реализираните штафети во Струмица и Радовиш.
На истата учество ќе земат деца и лица со попреченост кои уште еднаш ке покажат дека и тие можат и умеат.
Организаторот на настанот, Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица, ги повика валандовчани да ја дадат својата поддршка на лицата со попреченост и заедно со нив да ги пренесат пораките кои ги засегаат овие лица.
Штафетата ќе од „Божичка чешма“ во Валандово, во 17.00 часот.