Во Валандово се одржа првата „Трка на мирот“

Денеска во Валандово се одржа првата „Трка на мирот“. Трката се одржа по повод завршувањето на Втората Светска војна, чија цел е да потсети на ужасите во светот од тој период, потенцирање на важноста на мирот, како и поттикнување на спортскиот натпревар и здравите навики кај граѓаните.

Натпреварувањето се одвиваше во машка и женска категорија. Во машка категорија првото место го освои Ѓорге Џонов, второто Хусеин Демиров и третото Александар Тушевски. Додека пак, во женска категорија, првото место го освои Даниела Тасева, второто Митра Кованцалиева и третото Катерина Јовановиќ. И во двете категории, паричната наградата за прво место изнесуваше 30.000 денари, за второ 20.000 денари и за трето 10.000 денари. Исто така, тие добија пехар, медал и благодарница за учество. Благодарници добија и останатите учесници на трката.

На трката учествуваа околу 60-тина учесници, од кои, дел беа како поддршка. На доделувањето на наградите за најдобрите, градоначалникот Перо Костадинов рече дека оваа трка има за цел, пред се, да го поттикне спортскиот дух кај младите но и да ја пренесува пораката за мир. На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека со ваквите иницијативи Македонија ќе стане спортска нација, која води здрав живот и се грижи за здравјето.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.