Фондот за здравствeно осигурување на Р.М вработува – слободно место и во Валандово

Во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија отворени се 11 нови работни места на определено време од една година. Огласот се однесува на вработување на 11 извршители за неколку општини, меѓу кои и општина Валандово.

Според јавниот оглас, во Валандово е потребно вработување на Раководител на Подрачна Служба Валандово – еден извршител со завршени правни или економски науки. Потребно ниво на квалификации VI А според Македонска рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС, или завршен VII/1 степен, познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, со работно искуство – најмалку 4 години во областа на струката. Почетна плата од 28.370 денари.

Општите услови кои кандидатот треба да ги исполнува се: да е државјанин на Р.М; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место со правосилна пресуда да не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност и за истите треба да достават докази, како и пријава со кратка биографија. Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.

Документацијата се доставува во затворен коверт на адреса: Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија, Скопје ул. „Македонија“ бр.5, 1000 Скопје (со назнака за „оглас за вработување на определено работно време“). Огласот е активен до 10-ти септември.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.