Во Валандово ќе се одржи размена на прочитани книги

На 6-ти октомври, од 18ч. во просториите на Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, за првпат ќе се одржи размена на прочитани книги и книжевна дружба.

Поканети се сите љубители на пишаниот збор, кои треба само да ги донесат своите прочитани книги и желба за книжевни муабети.

Правило на настанот е посетителите меѓусебно да си ги разменат книгите по сопствена желба и видување, книга за книга. Пред самиот крај на настанот ќе има и групна размена, со оставање на оние книги кои не успеал да ги размени, на заедничка маса, на која потоа сите кои оставиле книги, ќе можат да си одберат, конторирано со број кој колку оставил.

На овој настан водечка ќе биде индивидуалната размена. Секој кој сака може и да подари книга, или да даде повеќе за помалку.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.