Денес (20.09.2018 г.) , на страната на Бирото за јавни набавки, e-nabavki.gov.mk, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна постапка за прибирање на понуди за вршење на градежни работи – „Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади – Општина Валандово“.
На оваа јавна набавка и предходеше склучување договор помеѓу општина Валандово и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во кој за реализација на проектот „Кочулски водопади“ беа предвидени вкупни средства во износ од 3.550.701,00 денари. Општина Валандово, како партнер во реализација на проектот ќе учествува со сопствени средства во износ од 862.661,00 денари, додека преостанатите 2.688.040,00 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, согласно одлуката донесена од Владата на Р.М. од 29.05.2018 г.
Целта на проектот, е целосно уредување на локалитетот „Кочулски водопади“ со поплочување на патека со камени плочи, поставување видиковци, мостови, клупи, корпи за отпадоци, како и платформа за набљудување на водопадот.
Известуваат од Општина Валандово.