Општина Валандово започна постапка за прибирање на понуди за изработка на техничка документација за локален пат за поврзување на населените места Чалакли и Татарли, локален пат за поврзување на село Јосифово со село Калково и проект за фаза сообраќај за приклучок на Индустриска зона „Раброво“ на регионален пат.
Целта на оваа јавна набавка е општина Валандово да добие техничка документација со која ќе може да аплицира на некој од идните јавни повици за користење на средства од државните или меѓународни фондови.
Максималната вредност на овој договор е 400 милиони денари, а договор ќе биде потпишан со компанијата која ќе понуди најниска цена. Крајниот рок за поднесување на понудите е до 02.10.2018-та година.