Министерот за надворешни работи на Република Македонија – Никола Димитров денеска беше во посета на Валандово, каде што оствари средба со првиот човек на општината – Перо Костадинов.
На средбата тие разговараа за тековните активности во општината, започнатите капитални проекти, важноста на ЕУ фондовите, како и за новите поврзувања на општина Валандово со општини од другите држави.
Димитров се сретна и со дел од граѓаните на Валандово, при неговата прошетка низ градот.