Компанијата „ЕВРО – ОБНОВА – М ДООЕЛ“ од с.Пирава, Валандово е носител на набавката на канцелариски мебел за уредување на канцелариите во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово.
Договорот вреден речиси 176.000,00 е потпишан по претходно објавен оглас за прибирање на понуди, каде носителот на набавката понудил најниска цена.
Со набавката ООУ „Јосип Броз Тито“ ќе биде опремено со речиси 32 нови парчиња канцелариски мебел: бироа, помошни маси, елемент за сеф, закачалки и друго.