Одбележан денот на гладта во С.О.У „Гоце Делчев“ – Валандово

Со пораки за подигнување на свеста за гладта, средношколците од С.О.У „Гоце Делчев“ – Валандово го одбележаа 16-ти октомври – Денот на гладта. Пораките беа поставени на храна со цел да се подигне свеста и за нефрлањето храна, кои потоа беа раздадени помеѓу останатите ученици во училиштето.

Учениците кои следат настава по предметот Менаџмент, заедно со нивната професорка Ташка Гетова,  дошле до оваа идеја поттикнати од македонскиот обичај „Умрело дете за баница“ и на тој начин решиле да подготват храна која ќе се раздаде на други, притоа пренесувајќи пораки дека таа не треба да се фрла и секој кој има повеќе треба да им даде на оние кои немаат.

Светскиот ден на храната се одбележува насекаде низ светот преку најразлични активности. Годинашното мото гласи „Работата е наша иднина. Нула гладни во светот до 2030-та година е можно.“

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.