Денес во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, се одржа ликовен конкурс по повод „Месецот на книгата“.
Учесниците имаа можност да творат во два термина: од 11 до 13 и од 13 до 15 часот. Учествуваа ученици од основните училишта од општина Валандово.
Темата за конкурсот на учесниците им беше соопштена пред да почнат со цртање. Секој учесник имаше право да учествува со еден цртеж.
Вчера се одржа и литературен конкурс по повод „Месецот на книгата“, за кој важеа истите правила.