Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 03:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што, поместувањето на часовникот е за еден час наназад, од 03:00 на 02:00 часот – соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018-та година е објавена во Службен весник на Р.Македонија бр.52 од 22-ри март 2018-та.

Вечерва стрелките на часовникот ќе се поместат и во земјите на Европа, каде неодамна беше усвоена одлуката да се укине промената на времето. Според оваа одлука, последното поместување на времето ќе се случи во октомври следната година, при што, секоја членка мора да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летното сметање ќе биде на 31-ви март 2019-та година.

Македонија го следи овој процес и по усвојувањето на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата.

Причината за иницијативата за укинување на промената на времето се негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето беа воведени во 1996-та година.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.