Денес во просториите на СОУ „Гоце Делчев” Валандово, се реализираше последниот од предвидените четири граѓански форуми за избор на приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија.
Форумите беа дел од проектот „Зајакнување на општинските совети” и истите послужија како демократска алатка за реализирања на мислењата и предлозите на граѓаните.
На денешниот форум учесниците на истиот со гласање за проект кој ќе се имплементира во општина Валандово го избраа проектот „ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училишен медиум” кој ќе се реализира во трите општински училишта.
За реализација на овој проект, предвиден е фонд од 50.000 швајцарски франци, финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирани од УНДП.