Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, денес во 13.03 часот регистрирше слаб земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 140km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,1, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.