На поминување од Гевгелија накај Струмица, домаќините на музичкото талент шоу „Ѕвезда бр.1“ идната македонска ѕвезда ја побараа и во редовите на продавачите на валандовскиот кванташки пазар.
На барање на водителката, двете госпоѓи од Валандово на македонската јавност и се претставија со акапела од песната „Отвори ми бело Ленче“.
По тоа екипата на талент шоуто се упати кон Струмица каде се одржа втората по ред отворена аудиција.
Делот од валандовскиот кванташки пазар е на 9:10.