Започна изградбата на плоштадот и паркот во Удово

Започнаа градежните активности за изградба на парк и плоштад во Удово. Овој проект, во себе ќе опфаќа: изградба на амфитеатар, фонтана и летниковец, создавање нови зелени површини, изградба на пешачки патеки, поставување на канделабри, засадување на дрвца, корпи за отпадоци, како и адаптација на селскиот „бункер“ во објект за комерцијална употреба.

Со реализацијата на овој проект, во Удово ќе се создаде нов урбан простор во централниот дел од населеното место, ќе се овозможат услови за активности на заедницата, од културен и рекреативен карактер, како и значително ќе се допринесе во процесот на создавање целосно нов лик на населеното место.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.