Вечерва во холот на СОУ „Гоце Делчев“ беше организиран инфо-настан во рамки Неделата на глобалните протести за климатски промени

Вечерва, во холот на СОУ “Гоце Делчев” Валандово беше извршена проекција на филм и дискусија за климатските промени и ефектите и последиците на целиот систем во кој живееме денес.

Пред собраните пријатели на природата беше прикажан филмот “Blue Heart-The fight for Europe’s last wild rivers” кој ја расказжува приказната за последниот див речен систем во Европа и луѓето што се борат да го заштитат.

На настанот присутни беа и членовите од „Fridays For Future“ од Валандово, кои споделија повеќе информации за нивното движење и за Неделата на Глобалните климатски протести.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.