Започна саемот на книгата во Валандово

Домот на култура „25-ти Мај“, организира саем на книга во Валандово.

Саемот се одржува на градскиот плоштад во Валандово и на истиот учествуваат три издавачки куќи, Едука Мак, Матица и Полица со свои примероци на литература.

Саемот на книга, ќе трае од денес до среда (25.09.2019 година) започнувајќи од 8 до 20 часот.

Сите заинтересирани граѓани, овие три дена, можат да ги посетат штандовите на издавачките куќи и да го збогатат сопствениот литературен фонд. Влогот во книгата, секогаш е правилен избор.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.