Општина Валандово објави јавна набавка за изградба на нова кровна кострукција на Домот на култура, во село Собри.
Целта е објектот да се заштити од понатамошно руинирање и да се спречи процесот на негово разурнување.
Во наредниот период ќе се изврши и втора фаза од реконструкцијата и Домот ќе биде целосно обновен, адаптиран на потребите и ставен во функција на граѓаните од ова населено место, велат од Општината.
Максималната вредност на набавката за изградба на кровната конструкција на Домот е речиси 20.000 евра.