Заврши традиционалната „Ракијада”: Наградата за најдобра ракија ја понесе Васил Пиндеров

Денес, 19-ти октомври 2019., на базенот во Валандово се одржа 20-тата по ред „Ракијада”.

Традиционалната манифестација покрај печењето ракија на присутните им ги покажа и најдобрите автохтони валандовски продукти.

Покрај натпреварувачкиот и промотивниот дел, гостите уживаа и во музичката програма за која годинава беше задолжена повеќекратната победничка на Фолк Фест „Валандово”, Благица Калева.

Настанот со свој говор го отвори градоначалникот Перо Костадинов, а присутен беше и министерот за земјоделство Трајан Димковски и пратеничката Мери Лазарова.

Наградата за најдобра ракија годинава ја понесе Васил Пиндеров од Пирава.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.