Во ек е кампањата за помош на малата Анастасија Ризова од Пирава, Валандово, која боледува од редок тип на тумор. За таа намена Анастасија мора да замине на лекување во Турција кое чини 100.000 евра, средства кои нејзиното семејство не може само да ги обезбеди.
Во кампањата покрај граѓаните се вклучи и „Париз Кафе“ од Миравци кое средствата собрани од влезници од синоќешната забава ги донираше за лекувањето на малата Анастасија.
На хуманитатната акција на „Париз Кафе“ анонимен донор купил дури 120 влезници со што донирал значителна сума на пари за Анастасија.
Сите хумани граѓани кои сакаат да донираат можат да го строат тоа на телефонските броеви 143-104 (Т-мобајл) и 143-666 (А1/Вип).