На излез од Македонија, уапсен српски државјанин кој управувал со возило со валандовски регистарски таблици

Синоќа, околу еден час по полноќ, во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Стар Дојран, на излез од Република Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело, бил приведен 32-годишниот Р.А. oд Република Србија кој управувал со товарно моторно возило со валандовски регистарски таблици.

Царинарниците, по извршената рутинска контрола над товарно моторно возило „Мерцедес“, со приклучно возило марка „Динкел“ со српски национални ознаки констатирале дека Вин бројот втиснат на шасијата не бил истиот кој бил запишан во сообраќајната дозвола.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.