По повод Денот на медицинските сестри Општина Валандово подели благодарници за особен придонес при справувањето со епидемијата со Ковид-19

По повод 12. Мај – Денот на медицинските сестри, Градоначалникот на о. Валандово и директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Валандово, Роберт Марков ги посетија здравствените ординации во Валандово, при што на медицинските сестри и го честитаа меѓународниот празник и им се заблагодарија за преданата и пожртвувана работа.

Во име на граѓаните на општина Валандово на медицинските сестри од општината им беа врачени благодарници во форма на плакета за особен придонес при справувањето со епидемијата со Ковид-19 во општина Валандово и грижата кон граѓаните и нивното здравје.

„Медицинските сестри ја заслужуваат нашата благодарност за сета пожртвуваност и професионалност при вршење на сопствената служба и се за пример во заедницата. Нека им е честит Денот на медицинските сестри и нека ги служи добро здравје.” изјави градоначалникот Костадинов.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.