Утре во Валандово ќе се одржи протест против Законот за учебници

Како дел од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, утре, сабота, во 12 часот, пред Општина Валандово ќе се одржи мирен протест против Зеконот за учебници.

Под мотото „Сите со книга во рака“, вакви протести ќе се одржат во поголем број на градови низ државата, на кои, група на граѓани ќе го искажат незадоволството, од како што велат, неуспешните обиди да се најде компромис и разбирање од надлежните иституции.

„Нашите деца се нашиот свет. Нашите деца се нашата иднина. Ние одлучуваме каков свет и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца. Ние носиме одлуки единствено и само во интерес нашите деца и генерациите кои следат. Ве очекуваме на терен согласно протоколите за активности на отворено во услови на пандемија. Очекуваме да бидете пристојни и креативни, без говор на омраза и нарушување на јавниот ред и мир.“ изјави Драгана Спасевска – овластен застапник и претставник на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.