Како дел од борбата против рудниците на смртта, како што ги нарекуваат еко-активистите, иницијативите за спас на Валандово, Гевгелија и Струмичко, отпочнаа постапка за прогласување на планините од југоисточниот дел и Дојранското езеро за национални паркови.
Со ваквата иницијатива активистите сакаат државата да ги прогласи планините Беласица, Кожув и Огражден, како и Дојранското езеро за национални заштитени подрачја со што изградба и работа на рудници во тие делови би била забранета.
Постапката, која како што велат од иницијативата ќе биде макотрпна и долга, веќе ја отпочнале во координација со професори од Природно-математичкиот факултет од Скопје.