БИРН: Отворена предистражна постапка за рудникот „Казандол“

Како што јавува БИРН, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка за наоѓање дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол.

„Побарано е од МВР да преземе одредени дејствија и активности во насока на обезбедување на докази и утврдување на одредени околности наведени во кривичната пријава во врска со овој случај. Потоа Јавното обвинителство ќе одлучи дали предистражната постапка ќе доведе до отворање на истрага“, велат од Јавното обвинителство.

Според БИРН, основа за отворање на предистражната постапка е кривичната пријава поднесена на почетокот на јануари годинава, а се однесува на „основано сомнение дека група од повеќе сторители се здружиле со цел на незаконски начин да овозможат компанијата Сардич МЦ противправно да добие Договор за експлоатација на бакар, злато и сребро“.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.