Наместо осмомартовски подароци за жените во Општинската администрација, Градоначалникот Перо Костадинов донел одлука средствата во висина од 20.000 денари да ги донира во „Интервентниот женски фонд”
Фондот е формиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, а е наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Одлуката за отворањето на овој фонд произлегла од донацијата од страна на претходниот Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, кој за 8-ми Март, во 2017-та година, на Националната мрежа ѝ донирал 90.000 денари, средства пренаменети од осмомартовската прослава. Оваа донација е и првата донација во Фондот.