„Факелот на мирот“ пристигна во Валандово

Учесниците во „Трката за мир“ , денес пристигнаа во општина Валандово, каде што на пригодна манифестација, му го врачија “Факелот на мирот” на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов и заеднички ги пренесоа пораките и заложбите за мир во светот, пропратен со многу спокој и детски насмевки.

По завршувањето на пригодната манифестација, учесниците на трката, заедно со градоначалникот на општина Валандово, во име на мирот засадија дрвце кое ќе го симболизира истиот. По овој симболичен чин, учесниците на трката заедно со учениците од ОУ „Јосип Броз Тито“ го пренесоа „Факелот на мирот“ до наредната општина, продолжувајќи ја својата благородна мисија.

ТЕКСТОТ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО.

   

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.