На 8-ми април, Велигден, со почеток од 20.30 часот, на градскиот плоштад во Валандово, свој солистички концерт ќе одржи извонредната Александра Јанева.
Победничката од Макфест, на сцената ќе биде придружувана од групата D-ZOO.
“Во 2016 година, токму на Велигден го одржав мојот прв солистички концерт воопшто. Драго ми е што Велигден 2018 ќе го одбележам со нов голем концерт на мојата прва музичка средба со валандовчани. Во недела, 8 април од 20:30 часот, заедно со D-ZOO ќе направиме голема велигденска дружба на плоштадот во Валандово“, вели Јанева.
Велигденскиот концерт е во организација на Евентум и Општина Валандово.