Профил: Костадин Танчев – Динка, основоположник на македонскиот графички дизајн

Костадин Танчев – Динка, родум од Валандово, еден од основоположниците и предводници на македонскиот графички дизајн. Дипломирал на Белградската Академија за применета уметност во 1967-ма година. Од 84-та до 2006-та година, Костадин бил професор на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предавал Графички дизајн.

По враќањето од Белград го основал студиото за дизајн при Културно-информативниот центар во Скопје, од каде и почнува да се шири неговата фино изострена естетика преку препознатливиот графички израз.

Како добитник на бројни награди и признанија, што домашни, но и меѓународни, несомнено е еден од култните неколкумина со валандовски корени.

Делата на Динка се во нашето секојдневно опкружување. Најверојатно несвесно, со дел од нив се среќаваме секојдневно.

Логоа дизајнирани од Костадин Танчев – Динка, фотографијата е превземена од okno.mk
Лого, Комунален сервис Валандово

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.