30 дневен притвор за Ц.А. (55) од Пирава, осомничен за полов напад врз осумгодишна малолетничка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе известување поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, казниво по член 188 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„На 05.02.2018 година во Полициската станица Валандово пријавено е дека лицето Ц.А (55) од селото Пирава извршило полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. По насоки од Јавен обвинител, бил извршен разговор со детето жртва во присуство на родител и социјален работник. По наредба на јавен обвинител, Ц.А. е лишен од слобода и предаден во Основното јавно обвинителство Велес“, информираат од МВР.

По наредба на судијата, на приведениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Според изјавите на детете и неговата мајката, осомничениот претходната година во повеќе наврати искористуваќи исти или слични прилики извршувал полови дејствија врз осумгодишното дете.

Осомничениот е сосед и далечен роднина со ошетеното дете, соопштуваат од ОЈО Велес.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.