Проверете на кој начин можете да се вклучите во големата еко-акција „Валандово без смет“, закажана за 21-ви март

На 21-ви март, среда, во општина Валандово ќе биде спроведена голема еко-акција за чистење на градот и населените места од смет.

Во акцијата учество ќе земат учениците од општинските училишта како и општинската администрација.

Општина Валандово ги повика и граѓаните да земат масовно учество во акцијата.

Граѓани кои се заинтересирани за вклучување во акцијата ќе можат на 21-март во 8.00 часот наутро, да појдат на некој од собирните пунктови, каде ќе добијат подетални инструкции за вклучување во акцијата.

Собирни пунктови:

  • Валандово (Школско игралиште при ООУ „Јосип Броз Тито“)
  • Пирава (Училиште)
  • Јосифово (Училиште)
  • Удово (Училиште)
  • Балинци (Училиште)
  • Брајковци (Училиште)
  • Марвинци (Училиште)
  • Собри (Училиште)
  • Грчиште (Училиште)
  • Чалакли (Училиште)
  • Дедели (Училиште)
  • Калково (Училиште)
  • Башибос (Училиште)
  • Казандол (Училиште)

Жителите од Раброво ќе можат да им се приклучат на валандовските групи и заеднички да ги исчистат двете населени места.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password