Телеканал А1, која зрачи на фреквенцијата на некогашна ВТВ пред затворање

Поради наводно непочитување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ предлага да биде отворена постапка за одземање на дозволата на регионалната телевизија Телеканал А1 од Струмица.

Телеканал А1 програма емитува на фреквенцијата на некогашната локална телевизија ВТВ од Валандово.

Валандовска телевизија беше продадена во мај 2013 година на фирмата „Емперијан Визион” ДООЕЛ од Скопје, која телевизијата ја пресели во Струмица од каде и започна со емитување под новото име Телеканал А1.

НАДОПОЛНЕТО: По анонимната пријава која пристигнала до Агенцијата, истата извршила вонреден административен надзор врз радиодифузерот при што е констатирано прекршување на Правилникот за за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password