Земјоделците ќе добијат 50% поевтина нафта

Со измените на Законот за земјоделство, со кои се овозможува субвенционирање на „зелената нафта”, земјоделците ќе плаќаат половина цена за нафта.

Со предлогот, кој денес влегува во владина процедура, на земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта.

Секој земјоделец, од Агенцијата за финансиска поддршка ќе добие платежна картичка со одреден износ, во зависност од големината на земјоделските стопанства.

„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password