Одлука за рудникот „Казандол“ сė уште нема

На денешната прес конференција на Владата на Република Македонија, во однос на рудникот во Казандол, беше соопштено дека е неопходно целосно докомплетирање на документацијата и аргументацијата на истата, за што е потребно повеќе време од една седмица. Владата си даде нов рок, до следната седница, за да се спроведе постапката за раскинување на договорот со концесионерот на рудникот „Казандол“.

Од неофицијални извори дознаваме дека недостасуваат два документа за целата докумнтација да биде комплетна и да се отпочне постапката за раскинување на договорот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.